Thursday, January 5, 2017

КРЕФ ЛИПДУБ 2017 Спот за промоција на училишна клима


Липдуб филмовите претставуваат музички спотови кои изгледаат како да се снимени во една секвенца, без прекин за време на снимањето (или најмногу до 3 прекини кои не се приметуваат за време на монтажа) 
Нивната цел е промоција на училиштата и училишната клима, условите за работа, дворот, работните простории, ходници, работа во училишни сексии, персоналот во училиштето,способност за тимска работа на сите вработени и ученици.. Сето тоа зачинето со креативност, едноставни или сложени сцени, костими, песна, танцување и се што може да смисли вашата креативност.




Видеото не смее да биде подолго од 6 минути, без прекини за снимање нов кадар за време на снимање (или со најмногу до 3 прекини кои не се приметуваат за време на монтажа)
Не е дозволено да се снима на локации/објекти кои не влегуваат во склоп на тоа училиште.

Автор на идејата и координатор на активностите може да биде: директор, стручен соработник, учител или наставник од предметна настава од приватно или државно основно училиштекој има желба но и вештини за соработка со голем број колеги и ученици за реализација на оваа цел.

Краен рок за апликација е 25 МАЈ 2017

За снимање на филмот, дозволено е вклучување на професионална помош од страна на лица кои поседуваат квалитетна опрема и искуство за снимање.

Најпрвин изберете една песна со ритам за игра и певлив текст. Внимавајте при изборот на песната. Текстот не смее да содржи навреди и вулгарности.

Сите ученици, едукатори и вклучени треба претходно да го научат текстот на песната затоа што за време на снимањето сите во секој миг треба да пеат заедно со оригиналната песна која ќе ја слушаат во позадина додека камерата шета од просторија во просторија и снима без прекин. Не е важно дали пеењето е добро или не затоа што и онака монтажата на филмот се состои само во целосно покривање на филмот со оригиналната песна на самиот изведувач НО
сепак важно е да се види како децата со движење на усните покажуваат дека за цело време ја пеат избраната песна
во точен ритам.

Снимањето на ваков спот подразбира сериозна претходна соработка на сите вработени и добра координација на учениците(Кој како, кога влегува во кадар, што прави,своја сцена, костими или реквизити, која група е следна за снимање) Секоја група ученици(клас) треба точно да знае и да увежба што ќе изведува за време на своите околу 20 секунди во кадар. Камерата се движи низ училиштето и снима по ред а групата ученици и вработени која е во кадар треба да ги изведе планираните движења и активности и да го пее соодветниот дел од песната.Потоа камерата продолжува понатаму.

Затоа направете јасен план за снимање, што сакате да се види во филмот, редоследот на места и простории низ кои треба да минува камерата. Тоа е важно за снимателот и за квалитетoт на филмот.

Спотот
- може да има една носечка тема поттикната од песната која сте ја избрале 
- воопшто не мора да има заедничка, посебна тема 
- или може да има тема со која целото училиште одбележува некој меѓународен или национален ден, празник на училиштето, градот.... . Како идеја можеби ќе Ви послужи овој календар
· 28. јануари Ден на заштита на личните податоци
· 31. јануар – Национален ден против пушењето
 · 2. фебруар – Меѓународен ден на заштита на мочуриштата
· 12. фебруар – Ден на Дарвин
 · 20. фебруар – Светски ден на социјална правда
  · 5. март – Светски ден на енергетска ефикасност
 · 8. март – Денот на Жената
· 14. март – Меѓународен ден на реките
·15. март – Светски ден за правата на порошувачите
· 19. март – Светски ден на ластовичките
· 20. март – Светски ден на среќата
· 20. март – Светски ден без месо
 · 21. март – Меѓународен ден за елиминација на расна дискриминација
 · 21. март – Светски ден на шумите
· 21. март - Светски ден на поезијата
· 22. март - Светски ден на водата
· 23. март - Светски ден на метеорологијата
· 27. март - Светски дан на театарот
· 21-28. март – Недела на солидарност на народите во борба простив расизмот и расна дискриминација 
Повеќе теми за идеја:
http://kreffilmskifestival.weebly.com/uploads/4/9/2/0/49205675/ek_prikaz_kalendara_-_kref.pdf

За време на монтажа на филмот, на почетокот додадете текст со кој ќе покажете кое училиште, место и држава претставувате.
Снимката покрите ја целосно со оригиналната песна на која сте снимале играње и пеење низ вашето училиште, и не вметнувајте фотографии. Графика и текст се дозволени само пред и после филмот доколку сметате за неопходно.

Филмот треба да биде прикачен на вашиот You Tube канал со наслов- За КРЕФ ЛИПДУБ 2017 Спот за промоција на училишна клима . Во полето за опис, под филмот, за време на прикачувањето задолжително треба да напишете

Училиште,место, држава, автор на филмот, соработници

Авторот го испраќа линкот до филмот на следната адреса
kreflipdub2017@gmail.com 

ВНИМАВАЈТЕ, во филмот не смее да се прикажуваат, глумат сцени на никаков вид насилство, вулгарности, навреди, непристојна облека и слично. Покажете го вашето училиште како модел и пример кој треба да се следи.

Бидете сигурни дека не кршите туѓи авторски права од сите аспекти. Пред снимање на филмот побарајте писмена согласт од родителите на Вашите ученици кои мора да бидат запознаени дека се работи за филм кој понатаму ќе биде промовирна на различни места соодветни за промоција на нашата професија.


Организаторот на фестивалот го задржува правото
 за дисквалификација на филмови 
по направена стручна проценка.

Организаторот на фестивалот го задржува правото за
 поставување на филмовите секаде онаму каде е потребно
 за промоција на образованието.


Тимот на КРЕФ ви посакува успешна работа.


Доколку имате дополнителни прашања пишувајте на veselabogdanovik2@gmail.com Facebook https://www.facebook.com/vese.vesela
или на 071/318663


Нашите 2016 победници од „Млада Поколења„  Ковачица






„Kреативно перо„-Белград


ОУ „Чегар„ од НИШ





ДРУГИ КАТЕГОРИИ КАКО ПРИЛИКА ЗА УЧЕСТВО:

1.  КРЕФ предизик 2017 „Сосема различни за иста цел„





2-    КРЕФ MINECRAFT акција 2017 

„ И јас имам супер план за урбанистичко уредување на мојот град/село„







No comments:

Post a Comment